Општинските изборни комисии (ОИК) во 35 општини утре ќе ги дистрибуираат избирачките ливчиња до 1.517-те избирачки одбори кои ќе го спроведуваат вториот круг од локалните избори 2017 година в недела.
Државната изборна комисија (ДИК) во пресрет на одржувањето на вториот круг од локалните избори со одлука им додели вкупно 538.000 денари на 10 општински изборни комисии кои имаа блокира жиро сметки.
По завршување на изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2017 година на полноќ кога почнува изборниот молк што трае до 19 часот во недела на 29 октомври 2017 година медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето.
За вториот круг од Локалните избори во Македонија што ќе се одржи на 29 октомври Државната изборна комисија акредитираше 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари.
Сите седум канцеларии на Народниот правобранител в недела, на денот на одржувањето на вториот круг од локалните избори ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.
Министерот за внатрешни работи Спасовски, постапува исклучиво како потпретседател на СДС и преку партиски соопштенија се обидува да го сокрие изборниот криминал.
Али Ахмети, претседателот на Демократската унија за интеграција на собирот во ОУ „Исмаил Ќемали“ синоќа уште еднаш од граѓаните на Гостивар побара да ја поддржат, како што рече најдобрата опција за Гостивар.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи во недела, а за градоначалничката функција ќе се избира меѓу 70 кандидати. Од скопските општини втор круг ќе има во Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај и Шуто Оризари.
Во скопските општини Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Сарај, Шуто Оризари и Чаир, право на глас имаат 260.194 граѓани, кои ќе гласаат на 387 избирачки места.
Не смееме, порача, да дозволиме новата власт да навлезе во Новаци. В недела да им одговориме со пркос, да излеземе гордо, достоинствено, со крената глава да гласаме за сегашниот и иден градоначалник Лазар Котевски.