Али Ахмети, претседателот на Демократската унија за интеграција на собирот во ОУ „Исмаил Ќемали“ синоќа уште еднаш од граѓаните на Гостивар побара да ја поддржат, како што рече најдобрата опција за Гостивар.
Тој во обраќањето ги уверуваше сопартијците и симпатизерите дека зад кандидатите на ДУИ и нивните програми стои тој лично, извршната и законодавната власт како гаранција за исполнување на ветувањата.
Ахмети, во оваа прилика, ги иронизираше политичките противници, бидејќи, како што рече, Невзат Бејта одамна Гостивар го направил прв.
– Обично, кога доаѓам на средби, ме интересираат опонентите, кои се тие и што му ветуваат на народот. Ми остави впечаток „Гостивар прв”. Да излезеш денес со ова мото значи дека си губитник. Не го прогласив јас Гостивар прв. Верувајте, меѓународните организации кои направија истражувања и анализи за работата на општина Гостивар, за работите во сите општини во Република Македонија, Гостивар го прогласија за прв. Токму на Невзат Бејта му беше доверен уште еден мандат, бидејќи сум многу сигурен дека со него го градиме утрешен Гостивар, Гостивар на иднината и со утрешен Гостивар што го гради Невзат Бејта, рече Ахмети.
Невзат Бејта пред гостиварци ги истакна плановите и програмата со која како што рече, Гостивар ќе добие нов изглед и ќе има подобри услови за живот. Тој е убеден дека во недела ќе биде изјвојувана уште една победа.
– Со коалициските партии имаме мнозинство во Советот на општината и ќе ни биде полесно да ги усвоиме сите одлуки кои за цел ги имаат интересите на граѓаните, ја имаме поддршката на централната власт и заедно и во локалната власт ќе ни биде многу полесно да ја реализираме нашата предизборна програма, рече Бејта.
Невзат Бејта кандидатот на ДУИ за градоначалник во вториот круг, беше во посета и имаше средби со жителите на Питарница, Малеарди и селото Тумчевиште во кои доминантна е македонската заедница. На средбите беше придружуван од пратеникот Благојче Трпески и членот на новиот совет Зоран Ангелов.