Без проблеми и непрекинато се одвива гласањето на гласачкото место 2901 во општина Чаир каде што се прегласува вториот круг од локалните избори.

Како што соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гучевска до 13 часот од вкупно запишаните 719 избирачи гласале вкупно 150, што претставува 20,86 отсто.

Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност дококлу е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.


Администратор
13/11/2017 08:08