До 17 часот на избирачкото место 2901 во општина Чаир на гласање излегле 251 од вкупно запишаните 719 избирачи, односно 34,9 отсто, соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска на прес-конференција.

Таа кажа дека гласањтео се одвива непрекинато и без проблеми, а првичните резултати ќе биле објавени на веб страницата rezultati.sec.mk по 19 часот, одосно по завршувањето на броењето.

Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност доколку е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.


Администратор
13/11/2017 08:12