Движењето БЕСА преку соопштение побара од институциите да создадат услови за слободно изразување на волјата и политичката убеденост на гласачите на прегласувањето во општина Чаир.

Тие обвинуваат дека група насилни милитанти вршела притисок на граѓаните да не излезат на гласање.

– Исто така, бараме од МВР и на сите жители кои гласаат на гласачкото место 2901 да им ги вратат документите за лична идентификација за да можат да гласат. Имаме обезбедено информации дека на жителите кои живееат на оваа област им се одземени документите за лична идентификација од партиските милитантни на владејачката партија, а за сето ова била информирана и МВР, стои во соопштението од БЕСА.


Администратор
13/11/2017 08:18