Според информациите, две пријави поднела партијата ТМРО, една Алијансата на Албанците и 22 ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Претседателот на БЕСА Билал Касами денеска изјави дека ќе иницира разговори со првиот човек на Алијанса за Албанците Зијадин Села за можна коалиција и соработка во вториот круг на локалните избори.
Се посочува дека според наодите на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори, биле почитувани основните права на собирање и изразување, а се регистрирани и некои веродстојни тврдења за нерегуларности во предизборниот период.
Лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села и премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска, на маргините од „Самит 100“, во Скопје, разговарале за политичката ситуација во Макеоднија и за штотуку завршениот прв круг од локалните избори.
Времето на национализмот завршува. Тоа го покажаа резултатите од вчерашните локални избори. Граѓаните ја испратија пораката. Опозицијата треба да ги промени политиките кои ги спроведуваше во последните неколку месеци, порача денеска премиерот Зоран Заев.
Обвинителството постапува во нив поради утврдено постоење на основано сомнение дека се сторени кривични дела поврзани со изборниот процес.
Новото Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни во Скопје имаме победа во првиот круг, порача денеска кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.
СДСМ во првиот круг освои 37 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ три, ДУИ две, група избирачи две и Демократската партија на Турците едно.
Од досега обработените 98,22 проценти или од 3.418 од вкупно 3.480 избирачки места кандидатите за градоначалници од СДСМ водат во 50 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во девет, на ДУИ во 12.
– Сакам да им честитам на сите граѓани. Со слободно изразената волја, народот ја испрати пораката и поддршката за новата политика на владата, едно општество за сите, пораст и развој на економијата – рече Заев.