Се заблагодарувам на сите граѓани што придонесоа за мирна атмосфера на изборите и ги повикувам сите кандидати да ги признаат изборите, порача на прес-конференција Александар Кирацовски, генерален секретар на владејачкиот СДСМ.
Фатон Фазлиу од Движењето Беса денеска на прес-конференција изрази загриженост во врска со неколку обиди на една политичка партија да направи инциденти и разни проблеми со намера да се оштети изборниот процес.
По гласањето на избирачко место во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов изјави дека очекува овие локални избори да поминат во мирна, демократска и фер атмосфера.
Тој воедно укажа дека од партијата нотирале и низа неправилности, како што рече, во текот на изборната кампања и денеска на денот на гласањето.
Денеска е голем ден за демократијата и слободата во Република Македонија, ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја.
Апелирам до сите граѓани масовно да излезат да гласат без страв бидејќи се создадени сите услови за да се гласа на демократски начин, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети откако гласаше во Зајас.
Претседателот на движењето Беса Биљал Касами денеска по гласањето на изборите во Тетово истакна дека денес е голем ден за сите на кој имаме можност да избереме наши претставници во локалната власт.
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, денеска изјави дека очекува гласањето на Локалните избори да помине во мирна атмосфера, а партијата да постигне добри резултати.
Министерот Оливер Спасовски на вечерашната прес-конференција посочи дека изборите поминаа во мирна атмосфера, но дека се забележани повеќе мали инциденти.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија“ Петре Шилегов денеска гласаше на избирачкото место 2602 во СУГС „Георги Димитров“.