Претседателот на движењето Беса Биљал Касами денеска по гласањето на изборите во Тетово истакна дека денес е голем ден за сите на кој имаме можност да избереме наши претставници во локалната власт.
– Се надевам дека ова ќе биде можност да се избере помеѓу едно минато каде локалната власт не ги исполни задачите поради што Тетово е еден од најнеразвиените градови, каде нема вода, чистота, каде улиците не се проодни, истакна Касами.
Изрази надеж дека имаме можност да избереме нова власт што ќе биде на ниво и ќе ги исполни задачите и власт што ќе биде во служба на сите граѓани без разлика на припадноста.
Посочи дека имаат сознанија за нерегуларности во Чаир каде, како што рече, има некои инциденти и се надевам дека органите на редот ќе ги извршат своите задачи и ќе им овозможат на граѓаните да ги изберат своите локални власти.