МВР: Тепачка во Тетово, осум пријави за фотографирање на гласачко ливче, десет лица приведени
Регистриран е обид за физичка пресметка меѓу гласач и член на избирачки одбор. И.М (71) дошол да гласа, и откако ја приложил личната карта во тој момент С.С. (34) член на избирачкиот одбор, поради нарушени меѓусебни односи, му ја фрлил личната карта по што И.М. физички го нападнал.