Во полициската станица во Ѓорче Петров било приведено лицето Д.С. бидејќи го фотографирал гласачкото ливче.

Д.С. со мобилен телефон го фотографирал ливчето при гласањето на гласачкото место 2576/1 во ОУ „Ѓорче Петров“.

Поради овој инцидент гласањето на избирачкото место било во прекин 5 минути.