Кандидатот на СДСМ во Штип, Благој Бочварски, прогласи победа со околу 1.700 гласови разлика повеќе од неговиот противкандидат на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник на оваа општина, Илчо Захариев.
Кандидатката на ДУИ за градoначалник на Тетово, Теута Арифи, и се заблагодари на ДУИ за поддршката за уште еден четиригодишен мандат за оваа функција.
Од обработени речиси 73 отсто од избирачките места, кандидатите на СДСМ водат во 19 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во три, на ДУИ во седум, на Алијансата за Албанците во три, на Движењето БЕСА, на ДПА и на Група избирачи во по една општина.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека нема коментар за обвинувањата на Никола Груевски за изборниот процес зашто такво нешто нема во ниту еден извештај на набљудувачите и на меѓународните организации.
Му порача лидерот на ДУИ Али Ахмети дека го чека на парламентарни избори и оцени дека лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев иако декларативно се залагал за живот, рамноправност и соживот, успеал, како што рече, уште повеќе да ја продлабочи делбата помеѓу етничките заедници во Струга.
ДУИ вечерва објави победа во Сарај. Со нешто помалку од 1000 гласа Блерим Беџети ја освои довербата на жителите на Сарај пред Башким Бакиу од Беса.
Кандидатот за градоначалник за Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, на последната прес-конференција во седиштето на огранокот му ја честита победата на политичкиот противник во вториот круг од изборите, Арбен Таравари.
Според неофицијални извори од ВМРО-ДПМНЕ, партијата победи на вториот круг од Локалните избори во Кавадарци.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва објави победа на кандидатите на неговата партија во Тетово, Струга, Чаир, Дебар, Сарај, Липково, Долнени, Теарце и Кичево.
Во Гостивар на вториот круг од Локалните избори Арбен Таравари води пред противкандидатот Бејта. Според информациите, Таравари води со 1.400 гласа разлика.