Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва објави победа на кандидатите на неговата партија во Тетово, Струга, Чаир, Дебар, Сарај, Липково, Долнени, Теарце и Кичево.

„Тука сум да ја потврдам веста за големата победа на ДУИ во Тетово, Струга, Чаир, Дебар, Сарај, Липково, Долнени, Теарце и Кичево”, рече Ахмети, заблагодарувајќи име се на гласачите во сите штабови на неговата партија.

Во врска со општина Гостивар, се вели дека во партијата ќе ги причекаат конечните резултати.