Шекеринска: Очекувам референдумот да не направи подобра држава
Очекувам референдумот да биде каков што е и денешниов ден, полн со вера, надеж и љубов, полн со верба дека можеме да бидеме подобра држава, надеж дека тоа го правиме со денешниот чин со многу, многу љубов кон наша Македонија, изјави вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска по гласањето на референдумот во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје.