Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по гласањетона референдумот во Куманово истакна дека ова е историски ден за Македонија.

- Секој од граѓаните денеска треба да биде среќен што ќе можеме да ги оствариме нашите вековни идеали, а тоа е Републлика Макакедонија како самостојна и суверена држава да стане дел од НАТО алијансата и европското семејство, изјави Спасовски.

Тој очекува мирен ден, граѓаните да гласаат во демократска, цивилизирана атмосфера, самостојно да донесат одлука и да го кажат својот став во однос на Македонија и иднината на децата.

- Посакувам вечерва Македонија да слави заедно со сите граѓани заради сериозниот исчекор и напредок што ќе ги направи за својата иднина, подвелече министерот за внатрешни работи.