Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР денеска има околу 100 тимови по двајца набљудувачи распоредени на гласачки места низ државата кои ќе информираат за гласањето на референдумот.
Во четирите општини од југоистокот на земјата Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран нормално тече референдумското изјаснување на граѓаните кое бележи пораст во однос на објавените резултати од 9 часот.
Во Делчево и Македонска Каменица од вкупно 21.387 избирачи до девет часот своето право на глас го оствариле 2.264 гласачи.
Американската новинска агенција Асошиејтед прес пренесе од Скопје дека во Македонија се одржува пресуден референдум на кој граѓаните одлучуваат дали да одобрат географска одредница за името на државата со што се менува името во „Северна Македонија“ и се прекинува долгогодишниот спор со Грција.
Општинските изборни комисии во Новаци и Могила го пресметаа излезот на населението на гласање заклучно со 11 часот.
Изјаснувањето на граѓаните во општините Дебар и Центар Жупа на референдумот се одвива непречено, без никакви проблеми и споредено со првите утрински часови излезеноста пополека се зголемува.
Граѓанската асоцијација МОСТ денеска соопшти дека досега гласањето се одвива во мирна атмосфера без инциденти.
До 9 часот излезeноста во Куманово e 3,17 проценти, изјави претседателот на Општинската изборна комисија Куманово, Звонимир Николовски.
Во текот на ноќта и утрово во полицијата е пријавено дека на неколку места се испишани графити во врска со референдумот. Според полицијата има еден случај на поставен транспарент, а скопјанец пријавил дека бил вербално нападнат во врска со гласањето на референдумот.
Сите 47 избирачки места во Крива Паланка изутрината се отворени навреме, а исто така и 17-те избирачки места во општина Ранковце, информираат претседателите на општинските комисии.