Во четирите општини од југоистокот на земјата Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран нормално тече референдумското изјаснување на граѓаните кое бележи пораст во однос на објавените резултати од 9 часот.
На територијата на општина Гевгелија, заклучно со 11 часот на референдумот излегле 2.152 гласачи или 11,19 отсто од запишаните во гласачкиот список, информира претседателката на ОИК Гевгелија Роберта Јанчева.
Во општина Валандово бројот на излезени граѓани до 11 часот изнесува 801 или осум отсто од гласачкото тело, во Богданци до 11 часот гласале 634 граѓани или 9,36 отсто, а во општина Дојран на референдумско изјаснување до 11 часот излегле 260 гласачи или 9,56 отсто.