До девет часот утрово во Маврово-Ростуше гласале 196 лица или 2,03 отсто од запишаните, додека во општина Врапчиште 349 лица или 1,37 проценти.
Тој очекува дека нема да дојде до таков случај, туку граѓаните ќе можат самостојно и слободно да се изразат на овој референдум.
Изјаснувањето на граѓаните на референдумот во општините Охрид и Дебрца се одвива непреченo на сите гласачки места.
Во општините Берово и Пехчево на време започна референдумскиот процес. Според информациите кои ги добивме од оштинската изборна комисија во Берово и претседателот Мишо Догазански, по првиот пресек во 9 часот своето право на глас го оствариле 470 граѓани.
Претседателот на ОИК од Тетово Артан Адеми соопшти дека до 10 часот од вкупно 83.094 избирачи на референдумот гласале два процента од запишаните при што во руралните средини е поголема излезеноста за разлика од градот. Засега од ниту една од 117 избирачки места во општина Тетово нема пријавено никаков проблем или застој во гласањето, рече Адеми.
Нема проблеми и гласањето се одвива непречено и по три часа од отворањето на избирачките места во Прилеп, Крушево, Долнени и во Кривогаштани, информираат од општинските изборни комисии.
Дваесет и двегодишен скопјанец денеска го нарушил јавниот ред и мир на гласачкото место во Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром. Тој навредувал граѓани и физички нападнал полициски службеници.
Во соопштението наведуваат дека дежурни јавни обвинители во сите Основни и Виши јавни обвинителства го следат процесот на гласање и се подготвени да ги преземат сите потребни дејствија за откривање и гонење на сторители на кривични дела кои се поврзани со процесот на гласање за референдумот.
Излезеноста во општина Струга до 9 часот е 2,38 отсто, информира Општинската изборна комисија.
На 3.480 гласачки места во 80 општини на територијата на Република Македонија право на глас имаат 1.806.366 гласачи. На сите гласачки места веќе два и пол часа гласањето тече мирно и без неправилности.