Изјаснувањето на граѓаните на референдумот во општините Охрид и Дебрца се одвива непреченo на сите гласачки места.
Претседателот на ОИК на Охрид Димитрија Вревезоски изјави дека според Единствениот избирачки список во кој се запишани и граѓаните кои живеат во странство до девет часот правото на глас го искористиле 2,7 отсто од граѓаните, додека според Општиот избирачки список кој е прочистен излезноста до 9 часот е 3,38 проценти.
Според претседателот на ОИК на Дебрца, Сашо Суклоски, на гласачките места во таа општина до девет часот на гласање излегле 126 од 4.460 граѓани што е 2,8 проценти.