Шекеринска: На 30 септември имаме шанса да ја направиме Македонија безбедна и стабилна
На 30 септември имаме шанса да обезбедиме Македонија да биде безбедна и стабилна држава, да не се грижиме за тоа дали ќе не биде, дали ќе ги зачуваме истите граници, а во исто време и да и гарантираме на нашата земја повеќе пари за патишта, локална инфраструктура, подобро образование и здравство, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска од Свети Николе.