Заев од Богданци: Убеден сум дека на 30 септември ќе ја утврдиме европската иднина
Целиот свет ни дава максимална поддршка и затоа сега е моментот да одлучиме дали сме дел од светот или не. Договорот со Грција го гарантира нашиот идентитет, нашиот јазик, нашата националност, и затоа направивме компромис, рече премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на трибината во Богданци која се одржа во рамки на кампањата „Излези за европска Македонија“.