Францускиот претседател Емануел Макрон преку видео порака им се обрати на македонските граѓани во пресрет на референдумот. Во неа тој вели дека договорот со Грција овозможува иднина за земјата и оти верува во мудроста на граѓаните.

Тоа е драги пријатели, дами и гопода, едноставната, јасна и скромна порака која сакам да Ви ја пратам. Јас не можам да се ставам на Вашето место зашто вие гласате незавинсо во оваа политичка дебата која е важна за земјата.

Вие треба да изберете и да се одлучите дали сте за промена на Уставот или не, за Спогодбата да стане важечка.

Да станете Северна Македонија, согласно Спогодбата. Јас одлучно сум ЗА и цврсто верувам дека овој договор е добар! За Вас, за целиот регион и за Европа. Сметам на Вас, вели францускиот претседател Емануел Макрон во видео пораката што ја упати до македонските граѓани во пресрет на референдумот.

Во својата анализа пак, интернет порталот Екпсрес.мк пренесува дека сепак молбата на Премиерот Заев од Францускиот Претседател Макрон да помогне во предреферендумската кампања, сепак може да предизвика негативен ефект, поради тоа што Макрон главно се заддржа на договорот од Преспа но никаде не спомена дека со прифаќањето на договорот Македонија се доближува до Европската Унија.

„Македонската влада очекуваше дека видео обраќањето на францускиот претседател Емануел Макрон ќе и помогне да ги убеди граѓаните да гласаат за референдумот на 30 септември.

Но во своето видео обраќање Макрон воопшто не спомена дека со договорот се приближуваме до членство во ЕУ туку го кажа тоа што премиерот Заев и целата Влада го премолчуваат во целиот тек на кампањата, дека со успешен референдум и ратификуван договор со Грција Македонија ќе стане Северна“, пренесува порталот Експрес.мк

„Зошто кабинетот на францускиот претседател го користи вокабуларот од кој како од ѓавол бегаат и Заев и сите други меѓународни актери може само да се нагаѓа.

Практично невозможно е кабинетот на Макрон да не бил информиран дека со ваков вокабулар тој може да му одмогне наместо да му помогне на Заев и владата во Скопје.

Макрон заедно со холандскиот премиер Марк Руте се најголеми противници на проширување на ЕУ со нови членки пред унијата да се реформира внатрешно.“ се додава во анализата на Експрес.мк