Ахмети - Робертсон: Одлуката на 30 септември е историска
Посветени сме на успехот зашто интеграцијата на Македонија во евроатланските структури е апсолутен приоритет на сите граѓани и носи мир, безбедност, стабилност, но и економски развој, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со поранешниот генерален секретар на НАТО и поранешен министер за одбрана на Велика Британија, лорд Џорџ Робертсон.