Министерот без ресор Аксел Ахмедовски, пратеникот и претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски и претседателот на општинската организација Севџан Сулејмановски, ги повикаа граѓаните на Куманово да гласаат „за“, на престојниот референдум.
Министерот Ахмедовски ги повика граѓаните да излезат и да го дадат својот глас за европска Македонија. Тој потсети и на рефрендумот во 1991 година кога граѓаните дале поддршка за самостојна и независна Македонија.
- Сега на овој референдум кој е тесно поврзан со претходниот сакаме да го дадеме својот глас за влез во ЕУ и НАТО. Сметаме дека овие два сојуза се едни од најмоќните, ќе ни овозможат стабилност и мир, а во исто време и економски просперитет. Тоа особено се однесува на ромската етничка заедница, изјави министерот.
Ахмедовски пред кумановци истакна дека вредностите и критериумите на европските дражви треба да почнат да се применуваат и во Македонија. Пратеникот Ибраимовски нагласи дека Ромите секогаш биле на страната која што е подобра за државата. И тој очекува дека со влезот на македонија во НАТО и ЕУ ќе има поголема социјална правда, безбедност, вработување, правична застапеност.