Атанасов: Членството во ЕУ и НАТО ќе значи поквалитетно образование
Членството во Европската унија и НАТО за младите во Република Македонија значи поквалитетно образование, подобар образовен систем, можност за студирање на најдобрите универзитети во Европа, пристап до европските образовни и младниски програми. Сето тоа, значи, подобро платени работни места и подобар живот, порача заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов.