Целосна поддршка од стопанството за референдумот, членството во НАТО и ЕУ
Стопанската комора на Македонија и дава целосна и недвосмислена поддршка на Владата за референдумот, а по завршувањето на процесите околу членството во ЕУ и НАТО, очекува помирување на политичките партии и создавање уште подобри услови за развој на економијата.