Анкета МЦМС: Мнозинство граѓани ќе излезат да гласаат на референдумот, поддршка би дале 41,5 процент
Поддршка на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договрот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ би дале 41,5 проценти, а против се изјасниле 35,1 проценти, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 1 август 2018 година.