Политичката партија Левица најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд, со која се бара поништување на Одлуката за распишување на референдум донесена од страна на Собранието.
-Нашиот Правен сектор смета дека постојат сериозни формалноправни и материјалноправни причини за оспорување на наведената одлука како противуставна и противзаконита, бидејќи истата не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија, се вели во најавата на Левица.
Од партијата додаваат дека подетални наводи од содржината на претставката ќе бидат објаснети на прес-конференција.