Силјановска Давкова: Предуслов за функционална економија е правото и правна држава
Денешната средба со претставниците на Стопанската комора на Македонија беше исклучително корисна, поради фактот дека способноста на една држава во меѓународните односи, меѓу другото, се мери со капацитетите да се вклучи во глобалните стопански текови, но и да одговори и одолее пред потресите кои доаѓаат однадвор во вид на кризи, појасни проф. д-р Гордана Силјановска Давкова