МОСТ: Пендаровски освоил 44,47 проценти наспроти Силјановска Давкова со 44,32 отсто
Стево Пендаровски освоил 44,47 проценти наспроти Гордана Силјановска Давкова која има осоено 44,32 отсто од гласачите кои денеска гласаа на шестите претседателски избори, за Блерим Река гласале 10,98 проценти, покажуваат резултатите на Граѓанската асоцијација МОСТ. Од асоцијацијата нагласуваат дека максимална маргина на грешка е од +/- 0,5 проценти.