Кирацовски: Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера
Изборниот ден помина во исклучителна мирна, фер и демократска атмосфера. Имавме кристално чист прв изборен круг од претседателските избори. Имавме скандинавски избори, како што доликува на држава, идна членка на НАТО и ЕУ, оцени Александар Кирацовски, шеф на изборниот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.