Од запишаните 52 273 односно 52 193 граѓани на Охрид со право на глас, до 13 часот на гласање излегле 13 698 граѓани или во проценти 26,2 отсто, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија, Климент Камнароски.
Од вкупно 45.933 гласачи во Општина Велес на 84 избирачки места до 13 часот излезеноста на гласачите била 10.379 или 22,60 проценти.
Во Свети Николе се бележи излезност од над 31 осто, во Пробиштип е 30,54, а во малата рурална општина Карбинци излезноста до 13 часот е 25,15 отсто.
Избирачкиот процес во Пелагониските општини се одвива без забелешки и мирно, информираат Општинските изборни комисии од Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила.
Непречено и без застој се одиваат изборите во Прилеп, Долнени, Кривогаштани и општина Крушево, информираат од општинските изборни комисии.
Во општина Врапчиште до 13 часот на претседателските избори излегле да гласаат 7,5 проценти (1.920) од вкупно запишаните 25.594 гласачи. Досега изборниот процес тече регуларно.
Во општина Струга излезноста за претседателските избори до 13 часот е 12 отсто, во Ресен речиси 19, а во Вевчани 30 проценти, информираат претседатлите на општинските изборни комисии.
Од вкупно евидентирани 10.879 лица со право на глас во Берово до 13:00 часот, гласале 2.798 граѓани.
Гласањето на првиот круг од Претседателските избори се одвива во најдобар ред, без сериозни неправилности, а одѕивот до 13 часот изнесува 20,8 проценти, покажуават информациите од набљудувачите и регионалните канцеларии на граѓанската асоцијација МОСТ.
До 13 часот излезеноста во Куманово е 18,83 проценти, во Липково, 5,43 а во Старо Нагоричане, 16,88 отсто.