Од 23.510 жители на општина Желино само 6,62 отсто или 1.557 го искористиле правото на глас за претседателските избори. Бројките од останатите општински комисии укажуваат дека оваа општина бележи најмала излезеност.
До 12 часот Министерството за внатрешни работи нема регистрирано нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето. Гласањето се одвива мирно, сооопшти на денешната прес конференција Билјана Милевска од Одделот за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи.
Во Кавадарци до 13 часот гласале 27.9 отсто од запишаните избирачи, во Неготино 29,02, во Росоман 24,8 и во Демир Капија 32,75 проценти од граѓаните со право на глас.
Во Струмица до 13 часот гласале 20 отсто од запишаните вкупно 49.162 избирачи, а во Конче 18,5 проценти од запишаните 2.744 избирачи.
Одѕивот на гласачите во општините од југоисточниот регион за Претседателските избори до 13 часот денеска се движи од 24 до околу 30 отсто, покажуваат извештаите од општинските изборни комисии.
Во Општина Кичево излезеноста е во рамки на просекот од претходните изборни процеси што се одвивале на територијата на оваа општина. Во оваа општина излезеноста е 13 проценти.
Одѕивот на гласањето на првиот круг од Претседателските избори до 13 часот изнесува 20,45 проценти. Портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска на прес-конференција соопшти дека од пристигнатите податоци од 75,57 отсто од избирачките места до 13 часот гласале 284.942 гласачи.
Амбасадата на САД има вкупно 25 тимови што го набљудуваат изборниот процес низ земјата. За ова информира Микаела Швајзер-Блум, в.д. амбасадор во Амбасадата на САД во нашата држава, денеска пред ОУ „Кочо Рацин" во Скопје.
Се зголемува процентот на излезност во општините Дебар и Центар Жупа. Според претседателката на ОИК – Дебар, Елмира Бакали до 13.00 часот правото на глас го оствариле 3.259 лица или 18 отсто.
До 10 часот, 9,4 проценти од регистрираните гласачи кои се регистрирани во избирачкиот список го оствариле своето право на глас на 36 избирачки места во Делчево.