Корисно ќе биде и за регионот ако Македонија има премиер Албанец, вели Ахмети
На средба со жители од Општина Сарај, претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети го претстави Насер Зибери, кандидатот што го номинираше партијата, за прв премиер Албанец, на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули.