Лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина на коалицијата „Можеме“ во Тетово, им порача на, како што наведе, мајките Македонки, Албанки, Турчинки дека „со НАТО нема веќе војни!“.
За реализацијата на приоритетите за здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе мерки реализирани преку апликативни проекти во сите сфери.
Тој им порача на присутните жители да го рашират гласот за обнова, да излезат да гласаат на изборите, затоа што ова е единствена шанса да се исправи Македонија.
Наместо да направат горди лозари тие направија засрамени лозари кои денеска не се чувствуваат достоинствено за маката која што ја вложуваат во своите лозја, потенцираше Мицкоски.
Носителот на листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ на втората Изборна единица, Владо Мисајловски беше на средба со граѓаните во населба Волково, каде што ја побара довербата за изборите на 15 јули.
Кандидатите Аднан Незири и Хисни Исмаили од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива од изборната единица 6 денеска имаа средби со жители на населбата Тетекс 2 во Тетово.
Целта на стапување на предизобрна коалиција со СДМС, според Касами, не е освојување повеќе гласови, туку соединувањето во еден глас околу понатомошното патување на Македонија кон интеграцијата во НАТО и ЕУ.
Од Општинската изборна комисија истакна дека до крајот на месецот во Делчево ќе се спроведе најавената едукација со членовите на избирачките одбори, за што самите членови телефонски ќе бидат известени за времето и местото на одржување на обуките.
Поранешниот претседател на општинската организација на СДСМ во Дебар, Неџат Мимидиноски, премина во ДУИ, објави на Фејсбук лидерот на дебарскиот огранок на ДУИ, Артин Спахиу, кој постира и заедничка фотографија.
Долгогодишниот член на Социјалдемократскиот сојуз и верен поддржувач на нивните политики, Нефи Абдиоски, вечерва на социјалните мрежи објави видео како тој ја пали членската книшка од СДСМ.