Дурловски од Ресен: Видовме како на неколку километри од куќата на Татарчев, власта ја „погреба“ државата
Игор Дурловски, носител на изборната единица 5 во своето обраќање во Ресен потенцираше дека му е огромна чест да се обрати од родниот град на големиот син на Македонија, Христо Татарчев, човекот кој целиот свој живот го посвети на изворната идеја за самостојна и независна македонска држава на Балканот.