Николоски: Денес се потврди она што година дена го зборувам, Заев е на врвот на рекетарската пирамида
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, Александар Николоски, во централниот дневник на ТВ Алфа рече дека Зоран Заев е на врвот на аферата Рекет, посочувајќи дека тој уште минатата година го кажувал тоа, но како што рече Заев му се заканувал со тужба.