Мицкоски: Се виде стручноста на здравствените власти, прогнозираа 2.000 заболени од корона, денес Македонија има над 7.000
На вечерашната дебата на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на ситуацијата со коронавирусот истакна дека власта во мај месец се фалеше дека ја победиле пандемијата, а само вчера имаме 100-тина новозаразени.