Заев истакна дека времето на ВМРО-ДПМНЕ заврши со лавовите, биковите и шмизлите. Ова сега, рече, е време на современи, модерни, европски општини, на развиена, европска држава.
На два дена пред завршување на кампањата „Најдоброто за мојата општина“, потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче оствари средба со жителите на Општина Новаци.
– Во изминатите години дојде најголемата поддршка од централната власт до локалните самоуправи, вложиме над 500 милиони евра во локални проекти, реализиравме 7.000 проекти во сите општини во државата, рече Спасовски.
Кандидатот за градоначалник на Тетово Вулнет Мурсели од Алијасанза Албанците и Алтернатива при посетата на Градската библиотека во Тетово вети нови простории за две читални и конечно отворање на новата зграда на Градската библиотека.
Општината која јас ќе ја предводам има јасни претприемачки проекти и помош за сите бизниси како и збогатување на туристичката и културна понуда за овој дел на Скопје, рече кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Наташа Котлар по денешната посета на Старата скопска чаршија.
Димитриевски најави дополнителен развој на туристичките локалитети во околината на градот, пред сè на Бислимската клисура, но и мерки и поддршка за локалните агенции.
Додаде дека она што дополнително ќе произлезе од средбите со угостителскиот сектор и со останатите сектори ќе биде вградено во програмата на градоначалникот и ќе биде стопроцентно реализирано.
Муцунски вети изградба на нова спортска сала, градинки, како и читална за младите кои што се студенти од Аеродром.
-Потребна е општинска зграда, но не два пати повеќе од реалната вредност за таква зграда, а на нова локација ќе биде изградена општинска зграда со многу помалку средства,а од овие кои ќе ги заштедиме ќе бидат користени развојни за капитални инвестиции, рече Муцунски.
Од власта немаат ниту план, ниту програма. Направиле флаери каде ги нудат истите ветувања пред 4 години и мислат дека народот пак ќе го прелажат.