Мицкоски: Со Заев на чело на државата шансите за било какво поместување кон позитива се еднакви на нула
Овие избори се локални, но со едно посуштинско и подлабоко значење, бидејќи од вашиот избор, од вашата одлука зад параванот зависи колку сакате да се променат работите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во општина Босилово.