Главните готвачи на кралицата Елизабета, на Макрон и на Елтон Џон „опиени“ од вкусот на македонскиот органски сок
Главните готвачи на кралицата Елизабета, на францускиот претседател Емануел Макрон и на светската музичка ѕвезда Елтон Џон, беа дел од жирито на Меѓународниот институт за дегустација од Брисел кое годинава одлучи македонскиот „Биоплант“ цеден органски сок од гоџи, вишна и јаболко да ја добие престижната награда „Superior Taste Award 2021“