Во Кавадарци, Струмица, Валандово, Гевгелија, Паланка, Делчево, Куманово, Штип... на мирни собири оддадена почит на жртвите од дискотеката Пулс
- Граѓаните на Делчево вечерва се солидаризираа со настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со палење свеќи во Градскиот парк, тие ја изразија својата почит кон загинатите во Кочани, а воедно упатија молитви кон повредените посакувајки им поскоро оздравување.