- Всушност, отворена е првата стаза на 1.300 метри надморска височина, што завршува на 1.400 метри, со должина од околу 400 метри. Има најразлични содржини, појасни кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Минатата година беше значајна пресвртница на државен план, година на промени што носат вистинско подобрување на животот на граѓаните и успешно позиционирање на нашата држава на меѓународната сцена, вели меѓу другото Муцунски.
Претседателката Силјановска Давкова при посетата и разговорот со припадниците на Армијата рече дека видела импресивна воена опрема и се работи за држење чекор со најсовремените трендови.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека е потребен нов закон за помилување во чиј фокус би биле луѓето затвореници, оти сегашниот смета дека не е системски поставен.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека в сабота ќе биде пуштен експресниот пат Страцин (Чатал) - Крива Паланка, а во втората половина на месецов и делницата од експресниот пат Градско-Фариш, како и првиот дел од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце.
Аја Етем е првото бебе родено годинава на Гинекологија во скопската општина Чаир.
Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека оваа 2025 година по се изгледа дека ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца - првото момче, на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир.
Граѓаните кои ги немаат сменето возачките дозволи и регистарските таблички кои претстанаа да важат, во овој период не треба да бидат казнети, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени безбедносната состојба во државата за време на новогодишната ноќ како мирна и стабилна.
Новата 2025 година ќе биде бериќетна и за здравствените работници, вели министерот за здравство Арбен Таравари посочувајќи дека ќе има повисоки плати, нови ваботувања и нови инвестиции во здравството.