Тој ова го одговори на прашањето за тоа дали останува на ставот за целосно распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители, за новиот закон за Судскиот совет, но и најавената смена на петмината негови членови кои се избираат преку Собранието.
Генералната оценка на здравствените институции во Скопје е дека ноќта поминала прилично мирно со помал обем на работа.
Институтот за јавно здравје препорачува за новогодишните и божиќните празници да се јаде умерено и да се избегнува преголема консумација на пржена, висококалорична и зачинета храна. Оттаму укажуваат и на штетните последици од употребата на пиротехничките средства.
Од денеска возачките дозволи со старото име на државата престануваат да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со стара возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата.
- Се роди здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри, информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на седум осудени лица, од кои едно потполно, а шест лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.
о земјава минатата година се доселиле вкупно 3 176, од кои 2 654 странци, а се отселиле 2 377 лица, од кои 2 034 македонски граѓани, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија за 2024 на Државниот завод за статистика.
На последниот ден од годината остварив работна средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски на која разговаравме за досегашната соработка и можностите за унапредување на истата во иднина, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот фејсбук профил.
Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година.
Во годинава што изминува, посочува, бевме сведоци на многу порази и падови, но и на успеси, хуманост, меѓусебна помош и поддршка.