Мицкоски: Секој што отвора тема за идентитетските прашања не му мисли добро на соседот и не ги почитува европските вредности
Мицкоски, кој во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ - Западен Балкан, во интервју за МТВ истакна дека билатералната соработка е клучна кога се зборува за економска соработка, туризам, размената на know-how вештини, образованието и.т.н. и оти тука тој процес има додадена вредност.