Бројот на заболени од Ковид-19 зголемен за 23 отсто, на починати намален за 17,4 проценти
Во периодот од 1 до 7 март тестирани се вкупно 21.090 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,6 отсто во однос на минатата недела, при што се регистрирани 4.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 23 отсто во однос на минатата недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје