Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски деновиве бара начин за легализација на бесправните објекти.
Министерството за здравство ja информира јавноста дека компанијата „Фајзер-Бионтек“, производител на вакцини против Ковид 19, денеска до Министерството за здравство, го испрати договорот за купување вакцини. Компанијата во договорот ги соопшти деталите за испорака на вакцините во текот на цела 2021 година.
Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека новата концепција во образованието беше усвоена од Владата, откако претходно, три месеци имаше дебата за неа и беа вклучени сите засегнати страни.
Координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и на Алтернатива Скендер Реџепи денеска изјави дека Владата вчера покажала две работи: прво, дека нема доверба во своето мнозинство и дека се плаши од она што ќе го изнесе опозицијата во дебатата за доверба на Владата.
На денешната прес-конференција не се појави координаторот на пратеничката група на ДУИ Изет Меџити кој јавно бара повлекување на Артан Груби од неговата вицепремиерска позиција и за кого најави интерпелација, но вчера на гласањето за доверба на Влада без двоумење му даде целосна поддршка на неговиот сопартиец.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 464 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот
„Тука живеам, одлучувам, постојам“ е слоганот со кој почнува кампањата за пописот во државава, што го спроведува Државниот завод за статистика, а ќе ги опфати сите заедници во државата
Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски денеска извршија увид во градежни работи за доградба на основното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, во населбата Хром.
Првите вакцини од Фајзер стигнуваат во првиот квартал односно до крајот на март, според договорот со компанијата.