Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието што требаше да се одржи денеска е одложено за 5 март, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје
За донесените одлуки и заклучоци од седницата која е предвидено да започне во 12:00 часот и ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена, наведуваат од владината прес-служба
Во Собранието по скоро еден месец денеска треба да се одржат продолженија на 21, 22, 25 и 26 седница
Владата ниту преговарала, ниту ќе преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик, вели премиерот Зоран Заев и додава дека универзално право на сите нации е да имаат свој јазик и свој национален идентитет
Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa вчера со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва
Во тек е и втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози од кинеската вакцина, а формализирани се и документите за набавка на руската вакцина „Спутник“
Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред се извештаи за работата на неколку државни инститиции
Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „Организаторите на 27 април”. Судењето за овој предмет е уште во фаза на доказна постапка
Во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ денеска ќе се одржи онлајн секторска консултација на тема „Ефектите од работата на СРГ за животна средина и климатски промени и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“
Системот за попишување на дијаспората и на македонските граѓани кои живеат надвор од границите се чини дека ги нема основните заштити и безбедности на интернет протоколите и е едноставен за манипулација.