Не знам дали Сашо Мијалков имал чешки и хрватски пасош, тоа треба да ги прашате колегите од поранешното СЈО, вели Рускоска
Сашо Мијалков не може да помине граница, затоа што му е одземена патната исправа. Дали има уште некоја патна исправа не ми е познато, изјави шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Вилма Русковска, во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.