Грозданова: Вакцината на АстраЗенека покажува помала ефикасност кај лица над 65 години но е добра за лица со алергии
Претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, во вечерашното гостување на „Топ тема“ на телевизијата „Телма“ нагласи дека сите вакцини против Ковид-19 се безбедни, но некои се покажале дека не се препорачливи за лица со алергии, како вакцината на „Фајзер“.