OJO бара притвор за креаторот и администраторот на „Јавна соба“, досега издадени 20 наредби до МВР
Бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител за двајцата осомничени, кои се на возраст од 32 и 21 година, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.